БИБЛИЈАТА

Библијата – Светото Писмо: Стариот и Новиот Завет, вкупно 66 книги, е единствениот пишан Божји Збор даден на луѓето. Библијата ја напишале луѓе водени и инспирирани од Светиот Дух, така што таа во оригиналот е апсолутно непогрешлива Божја Објава.

БОГ

Бог е Троедин: Татко, Син и Свет Дух. На секој од нив им припаѓа подеднаква чест, слава и почит. Бог е совршен во сите свои атрибути: бесконечен, самопостоечки, милостив, праведен, љубов, непроменлив. Тој е Создател на видливиот и невидливиот свет. Тој е Седржител, Суврен над се и се прави според советот на Својата волја.

ИСУС ХРИСТОС

Господ Исус Христос е второто лице на Светото Тројство. Тој е вечниот Збор – Логос, Единородниот Син, наш Бог и Спасител. Тој е испратен од Таткото, слезе од небото, зема врз себе човечка природа преку чудесното отелотворување, зачнат од Светиот Дух, роден од девица, стана човек како нас во се, освен во гревот. Тој е совршен Бог и совршен човек – Богочовек.
Беше распнат на крст, умре на крстот да ја задоволи Божјата праведност со Својата застапничка смрт, ги понесе врз Себе гревовите на целиот свет. Преку пролевањето на Неговата света крв стана Божја правда за нас. Беше погребан и воскресна во тело на третиот ден. Беше вознесен на небото, каде седи од десната страна на Таткото како вечен Првосвештеник Кој се застапува за својот народ. Тој повторно ќе дојде во слава, како што вети, и ќе им суди на живите и мртвите, од сите народи и нации.

СВЕТИОТ ДУХ

Светиот Дух е третата личност на Троединиот Бог, еднаков по сила, светост и мудрост со Бог Таткото и Бог Синот. Неговата служба е да го увери светот за гревот и да го нановороди секој кој ќе поверува во Господ Исус Христос. Се вселува во секој кој е новороден и го запечатува за денот на избавувањето. Светиот Дух дава сила, исполнува, води, охрабрува, учи и ги посветува сите оние кои преку Христос станале Божји деца.

ЧОВЕКОТ

Човекот е Божјо создание кое поседува дух, душа и тело. Поради својата лична непослушност во Адам, падна во првобитниот грев и стана одвоен од Бог. Секој човек е достоен и вреден за христијанска почит и љубов бидејќи е Божјо создание за кое Христос умре и воскресна.

СПАСЕНИЕТО

Спасението е по благодат, преку вера. Спасението е бесплатен Божји дар. Тоа се прима со вера во Господ Исус Христос заради чија жртва добиваме сигурност дека ни е простен секој грев и дека со Него ќе живееме вечно. Спасението се однесува на целото човечко битие

ДОБРИТЕ ДЕЛА

Добри дела се само оние што Бог ги заповедал и одредил во Библијата. Добрите дела сами по себе не можат да го спасат човекот, туку се резултат на спасението.

ЦРКВАТА

Црквата е составена од сите оние кои вистински и искрено веруваат во Господ Исус Христос како Спасител. Таа е телото и невестата Христова

СВЕТОСТА

Црквата е составена од сите оние кои вистински и искрено веруваат во Господ Исус Христос како Спасител. Таа е телото и невестата Христова

МИСИЈАТА

Врховната мисија на Божјите луѓе е да го проповедаат Словото на секое создание.

САТАНАТА

Сатаната и неговите ангели се реални се реални. Пеколот е реално место подготвено за ѓаволот – сатаната и неговите демонски ангели како и за сите луѓе кои не се измириле со Господ Бог преку откупителната жртва на Господ Исус Христос.