За нас

Евангелска Соборна Црква е духовна заедница на луѓе кои заедно ја практикуваат и промовираат христијанската вера, онака како што е откриена во Светото Писмо.

Иако имаме различни животни приказни, професии и интереси, како духовно семејство се стремиме да живееме животи во кои главната одлика е љубовта кон Бог и кон луѓето. 

Мисија

Да го сакаме Бог и ближниот, на збор и на дело.

 

Визија

Да бидеме црква што расте во верата, љубовта и заедништвото, и има влијание во животите на поединците, семејствата и општеството.

 

Историја

Евангелска Соборна Црква во Македонија има долга историја, која започнува во 1860 година со мисијата на Евангелско Соборните Цркви од Америка, а прекината во 1922 година поради политички притисоци од тогашна Кралска Југославија.

Во поновата историја, Евангелска Соборна Црква во Македонија започнува да функционира во градот Скопје, при крајот на 80-тите години од минатиот век. Денес движењето е пораснато во четири незавизни цркви (Центар, Шуто Оризари, Драчево и Свети Николе) и седум домашни заедништва (Топана, Козјак, Штип, Ерџелија, Амзабегово, Ѓорче Петров и Пеширово).

 

Дојдете и видете!

Ние сме црква во која секој е добредојден.

Затоа, наместо само да читате за тоа кои сме ние и што веруваме (т.е. како сами себе се фалиме), можеби е подобро да дојдете и да не посетите на некоја од нашите неделни богослужби за да можете од прва рака да се запознаете со нашата заедница. 

АДРЕСА

ул. Христо Смирненски бр. 20
1000 Скопје

НАСТАНИ

Богослужба: недела од 11:00
Детски библиски час: недела од 11:00
Молитва: четврток од 18:00

КОНТАКТ

escrkva@gmail.com